„Јокиќ го надмина легендарниот Дражен Петровиќ“


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Никола Јокиќ игра одлично во дресот на Денвер нагетс, а со неговиот настап во првиот меч од финалето против Лос Анџелес Лејкерс ги воодушеви сите.

Јокиќ постигна 34 поени, 21 скок и 14 асистенции и сите почнаа да го споредуваат со еден од најдобрите во историјата, Дражен Петровиќ.

Познатиот менаџер Мишко Ражњатовиќ кажа дека неговиот клиент веќе ја надминал хрватската легенда.

„Јокиќ веќе го надмина легендарниот Дражен. Секогаш ќе ми биде тешко да признаам дека некој е подобар од Петровиќ, но Никола докажа дека е пред него“, кажа Ражњатовиќ.