Алегри се налути: Решете се конечно што сакате од Јувентус!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри го искажа револтот по одземените бодови со што Јувентус испадна од позициите во Серија А кои водат во европските купови.

Јувентус остана без 10 бодови, а веста беше објавена на 10 минути пред мечот со Емполи и поради тоа Алегри ептен се налути.

„Секогаш кога ќе кренеме глава за да земеме воздух, тие нè притискаат назад. Ова е необична ситуација, за казната дознавме на 10 минути пред мечот. Сега ни останаа два меча и мора да победиме во следниот против Милан ако сакаме да се надеваме на Лига на шампиони. Пред три месеци ни одземаа 15 поени, па ни ги вратија. Нека се решат конечно што сакаат од Јувентус“, кажа Алегри.