Надал го нема во Париз: Ѓоковиќ ќе биде главен фаворит на Ролан Гарос


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сите љубители на тенисот со нетрпение го чекаат почетокот на гренслем-турнирот Ролан Гарос, каде што Новак Ѓоковиќ ќе биде фаворит бидејќи Рафаел Надал го откажа настапот поради повреда.

Холгер Руне имаше одлични резултати во Рим и стигна до финалето каде што загуби од Данил Медведев, по што кажа дека е подготвен за Ролан Гарос, каде што најголем фаворит ќе биде Ѓоковиќ.

„Медведев е одличен, но мислам дека Ѓоковиќ ќе биде фаворит во Париз. Тој има големо искуство и многу гренслем-титули“, кажа Руне.

Ѓоковиќ има шанса на Ролан Гарос да го надмине Надал на вечната листа по број на титули на гренслем-турнирите. Во моментов и двајцата имаат по 22 пехари.