Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Мајами хит триумфираа со 103-84 против Бостон селтикс во „мајсторката“ и обезбедија место во големото финале во НБА-лигата.
Џими Батлер постигна 28 поени, седум скокови и шест асистенции за Мајами хит и така го предводеше својот тим до четврти триумф во серијата и пласман во финале, каде што за шампионскиот прстен ќе се бори против Денвер нагетс, а првиот натпревар е закажан за четврток.
„Понекогаш мора да страдате за работите што ги сакате, оваа група покажа карактер и упорност и тоа се исплатеше на крајот“, кажа тренерот на Мајами хит.