Требаше да ги спаси од испаѓање, а тој им донесе трофеј и им обезбеди ЛШ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Севилја синоќа ја совлада Рома со 4-1 на пенали и ја освои Лига Европа по седми пат во историјата, а коментар за натпреварот даде и тренерот Хозе Луис Мендилибар, кој требаше екипата да ја спаси од испаѓање од Ла Лига, но на крајот направи сензација.

Тренерот кажа дека е пресреќен за трофејот, иако не очекувал такво нешто.

„Не знам како се чувствувам, не верувам дека ова се случи. Го освоивме трофејот во Лига Европа“, кажа Мендилибар.

Овој 62-годишен стратег за само два месеци стана херој на екипата од Андалузија, која следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони поради победата во финалето на Лига Европа.