Надал го дочека својот 37 роденден во болница (Фото)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал вчера беше на операција поради која го чека долга пауза.

На социјалните мрежи се поајви фотографија од болницата, каде што се наоѓа Надал и тоа ги загрижи фановите затоа што Шпанецот ќе пропушти уште голем дел од сезоната.

Надал денеска го прослави неговиот 37. роденден во болнички кревет и се надева дека ќе заигра пред крајот на годината, кога планира да стави и крај на кариерата.