Вредиш колку и последиот резултат! Ултиматум за Зидан?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Се случи веќе Карло Анчелоти, но оди Французинот по истиот пат. Што се проблемите на соблекувалната на Реал?

    Зинедин Зидан веќе почна да го чувствува притисокот, трите реми по ред после добриот старт го запалија алармот, а ова за Реал не е невообичаено.

    Да потсетиме, Французинот од привремено решение, без оглед што досега тоа во Мадрид го негираат стигна до европска титула, па клубот немаше друго решение, освен да го промовира во постојан тренер.

    Но, и тогаш го следеа приказни дека е премногу неискусен за таа улога, дека првиот лош резултат ќе ја поткопа довербата на Флорентино Перез и пред се клупските директори, кои не се задоволни со изборот на Зидан.

    Пред се, горниот ешалон на клубот не се сложуваа со смена на Бенитез кој беше повеќе идеја на директорите отколку на Перез. Но, 11 „Клемпавко“ во историјата ги натера да замолчат.

    Како што и се очекуваше, првата поголема криза и веќе работите се подруги. Серијата на реми го здрмаа Зидан, но повеќе од се го загрижува фактот дека Реал нема игра. На тоа се надоврза замената на Роналдо против Лас Палмас.

    Тоа го наруши односот на Французинот со првата ѕвезда, а играчите, или поголем од нив важните застанаа на страната на Португалецот.

    Се е тоа јасно шпекулации, никој не знае што навистина се случило, Зидан се правда, но следеа нови неуспеси дома што дополнително ја отежни ситуацијата.

    Основен проблем се наводно незадоволството на Роналдо кој поради повреда на успева да биде на своето ниво, па затоа што Хамес не игра бидејќи Зидан го форсира младиот Асенсио.

    Кога на тоа ќе се додаде дуалитетот Мората – Бензема, каде што наводно постариот Француз има поддршка од Кристијано, се кова заговор против легендарниот Зидан кој не успева да заведе ред и покрај играчкиот авторитет поради што е доведен на клупата.

    Подобрување е потребно одма, Барса ја исполни нормата на киксови и секоја недела ќе го отежнува животот на Зидан.

    Некои медиуми одат толку далеку што го прогласуваат гостувањето во Севиља како клучно, ако Реал не го победи Бетис, логичен е ултиматум. Зидан нема да биде сменет, но првиот следен кикс ќе значи промена на тренет.

    Серијата на натпревари подразбира мечевите со Билбао, па тогаш дуелот со новајлиите Алавеш и Леганес, дудело дома со Хихон. Било кој неуспех, комбинирано со пораз од Барселона во Ел Класико во ноември пред новата пауза ќе значи веројатно отказ за Зизу.