Ребров ќе ја предводи Украина на гостувањето во Скопје


Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонија славеше против Малта на почетокот на квалификациите за Европското првенство, но сега ни следи тежок предизвик против Украина во СКопје.

Избраниците на селекторот Боби Милевски на 16 јуни ќе ја пречекаат Украина на домашен терен, по што ќе гостуваат кај Англија.

Украина доби нов тренер пред гостувањето во Скопје, откако на кормилото седна легендарниот напаѓач на Динамо Киев, Сергеј Ребров.

Ребров ја гради својата тренерска кариера веќе неколку години, а претходно го тренираше и Ал Аин, пред да потпише тригодишен договор со украинската федерација.