Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот македонски фудбалер и освојувач на Лигата на шампиони, Горан Пандев го најави финалето во елитното натпреварување меѓу Интер и Манчестер сити.
Екипите во Истанбул ќе се борат за трофејот, а Пандев смета дека тоа ќе биде дополнителен притисок за фудбалерите на Пеп Гвардиола.
„Манчестер сити изгледа како фаворит, но Интер има свое оружје со кое може да ги уништи. Да не бидеме во заблуда поради триумфот од 4-0 против Реал Мадрид. Ова е финале на неутрален терен и ништо не е решено. Сити сака да доминира, но тоа ќе им оди тешко против Интер“, вели Пандев.