Нејмар има само една желба – да се врати во Барселона!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Барселона вчера остана без потписот на Лионел Меси, иако долго време се трудеше да го договори неговиот трансферот, но Аргентинецот реши дека најдобар избор за него е Интер Мајами од МЛС-лигата.

Каталонскиот гигант ќе бара нови засилувања, а тренерот Чави Ернандез веќе побара нов фудбалер за врска, по што раководството почна потрага по идеално засилување.

Во меѓувреме, бразилскиот фудбалер Нејмар кажа дека би сакал да се врати на „Камп Ноу“, каде што играше пред да се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.

Нејмар има договор со парижаните до 2025 година, па засега останува непознато колку пари би барал францускиот гигант за да го продаде Бразилецот.