ПСЖ од Меси за две години заработил 700 милиони евра

Лионел Меси на неславен начин ја заврши својата авантура во ПСЖ, каде што во финишот на сезоната често беше исвиркуван од навивачите на францускиот шампион.

Меси по крајот на сезоната потпиша за Интер Мајами, каде што ќе игра во иднина, но ПСЖ нема да жали што го имаше Аргентинецот во свои редови.

Тоа го покажуваат и податоците дека ПСЖ заработил 700 милиони евра од Меси за две години, а исто така потпишал и 10 спонзорски договори.