Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Франс Фудбал“ објави дека церемонијата за доделување на престижната награда „Златна топка“ ќе се одржи на 30 октомври во Париз, а во текот на вечерта и официјално ќе се дознае кој е наследникот на Карим Бензема.
Медиумот најави дека ќе има промени во начинот на гласањето. Имињата на кандидатите ќе бидат објавени еден месец претходно, а како критериум ќе се земат индивидуалните настапи на играчот, па потоа и карактерот на кандидатот пред освоените трофеи.
Жирито ќе биде намалено на 100 гласачи, односно новинари кои доаѓаат од првите 100 земји на ФИФА.