Хаверц, Рајс и Влаховиќ: Арсенал гради тим кој ќе биде „страв и трепет“ за ривалите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот вицепрвак Арсенал планира да ангажира неколку засилувања во летниот проден рок со кои тренерот Микел Артета следната сезона ќе се обиде да ја освои титулата.

Арсенал води преговори со Челси за трансферот на Каи Хаверц, кој ќе ги чини околу 70 милиони евра. Германецот сака да се пресели на „Емирати“, а „сините“ немаат ништо против тоа да го продадат талентираниот фудбалер.

„Топчиите“ преговараат и со Вест хем за Деклан Рајс, но „чеканите“ веќе одбија понуда од 80 милиони евра и според шпекулациите, ќе бараат најмалку 100 милиони евра за неговиот потпис.

Како трето засилување на екипата на Артета се споменува Душан Влаховиќ од Јувентус, но засега нема преговори меѓу двете страни.