Кејн му ја расцепи главата на Ристовски (Фото)

Англискиот напаѓач Хари Кејн му ја дупна главата на Стефан Ристовски на почетокот на натпреварот, откако при еден дуел се судри директно со македонскиот фудбалер.

Ристовски доби медицинска помош, а по неколку минути се врати на теренот и продолжи со игра, меѓутоа мораше да биде заменет на полувреме.