Хоселу пристигна во Мадрид, но ќе добие ли Реал нова „деветка“?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Напаѓачот Хоселу пристигна во Реал Мадрид како позајмен фудбалер од Еспањол, а денеска беше промовиран како четврто засилување на тимот.

Трансферот веќе беше најавен, а Хоселу го избра дресот со број „14“ и така ја остави слободна „деветката“, па навивачите се надеваат дека Флорентино Перез до крајот на летниот проден рок ќе купи нов напаѓач.

 „Сонував за ова од првиот ден кога го напуштив Реал, многу сум возбуден. Сакам да му се заблагодарам на Флорентино Перез, Хосе Анхел и Карло Анчелоти за укажаната доверба. Да се носи грбот на Реал Мадрид на градите е најголема чест која може да ја искуси една личност. Хала Мадрид“, кажа Хоселу.

Како можно засилување во нападот се споменува и Килијан Мбапе, но најверојатно Перез ќе чека до следното лето за да го добие целосно бесплатно, а како опција е и Хари Кејн од Тотнем.