Интер му го „украде“ планираното засилување на Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Интер си најде нов напаѓач, а станува збор за Маркус Турам кој претходно ги одби Милан, ПСЖ и Лајпциг.

Французинот беше блиску до потпис со Милан, но во последен момент во битката се вмеша Интер, кој му понудил повисока годишна плата.

Турам ја прифатил понудата и ќе им се приклучи на „нераѕурите“ на подготовките за предизвиците во новата сезона.

Напаѓачот претходно играше за Борусија Менхегладбах, но му заврши договорот, по што сам си го бираше следниот клуб.