Ким по една година го напушта Наполи и се сели во Баерн Минхен


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Баерн Минхен постигна договор со дефанзивецот од Јужна Кореја, Ким Мин-Јае, кој имаше неверојатна сезона со Наполи и го освои Скудетото.

Ким ќе потпише петгодишен договор со баварскиот гигант, а трансферот наскоро ќе биде официјално потврден од екипите.

Баерн ќе ја плати откупната клаузула од 70 милиони евра за услугите на Ким, а Наполи во следниот период ќе бара негова замена.