Хендерсон и Обамејанг се селат во екипата на Дарко Велковски?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Дарко Велковски вчера доби нов тренер во Ал-Етифак, а тоа е легендарниот Стивен Џерард, кој веднаш од управата на клубот побарал нови засилувања.

На листата со желби се наоѓаат Џордан Хендерсон од Ливерпул, како и Пјер-Емерик Обамејанг од Челси.

Џерард потпиша двегодишен договор со екипата од Саудиска Арабија и ова ќе му биде трет тим кој ќе го предводи во кариерата, по Глазгов Ренџерс и Астон вила.

Ал Етифак минатата сезона ја заврши на седмата позиција во домашниот шампионат, но оваа година има повисоки цели.