„Ѓулер имаше 160 сантиметри и 46 килограми, но знаев дека ќе биде ѕвезда“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот талент Арда Ѓулер пред неколку дена потпиша за Реал Мадрид, а Фенербахче за неговиот трансфер доби 20 милиони евра плус 10 во бонуси.

Скаутот Серхат Пекмез, кој го откри Ѓулер, вели дека го препознал талентот во момчето и очекува од него да биде голема ѕвезда.

Пекмез го гледал на меч до 14 години меѓу Османлиспор и Генчлербирлиги за да се увери во талентот кој го има Емре Узун, меѓутоа на тој натпревар го забележал Ѓулер кој имал 160 сантиметри и 46 килограми.

„Арда Ѓулер не играше фудбал, тој танцуваше со топката. Имаше и се уште ја има грациозноста. Првото нешто што забележав е дека пред да ја прими топката секогаш гледа во другите играчи“, вели Пекмез.