Јувентус ја напушти европската Суперлига


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Јувентус реши да се повлече од проектот за европска Суперлига. Клубот ја почна правната процедура и ќе излезе од натпреварувањето по одобрение на Барселона и Реал Мадрид, кои сè уште остануваат зад идејата.

Јувентус ја објави својата намера уште на 6 јуни, а ова беше уште еден потег со кој „Старата дама“ ќе се обиде да ги подобри односите со УЕФА.

Првиот чекор беше оставката на Андреа Ањели, а покрај тоа Јувентус се откажа од Конференциската лига на УЕФА за да не добие санкции за следната сезона.

Проектот за европска Суперлига беше најавен во 2021 година и вклучуваше 12 тимови, но речиси сите се откажаа од идејата по само 72 часа по реакцијата на УЕФА, ФИФА, јавноста и други спортски личности.