Реал Мадрид за 20 милиони евра ќе добие напаѓач од светска класа


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ова лето загуби неколку важни фудбалери, меѓу кои се Карим Бензема и Марко Асенсио.

Реал во нападот како опции ги има Винисиус Жуниор и Родриго, меѓутоа тренерот Карло Анчелоти бара друг класичен напаѓач.

Шпанските медиуми пишуваат дека изборот паднал на Садио Мане, кој ќе чини само 20 милиони евра, колку што бара Баерн Минхен за негов трансфер по неуспешната авантура во Германија.

Мане со години ги тресеше мрежите во дресот на Ливерпул, по што замина во потрага по нов предизвик, меѓутоа не се прослави во Бундеслигата, па сега би можел да добие шанса и во „кралскиот клуб“.