Покетино пред себе има тешка задача – мора итно да реши една работа!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тренерот на Челси, Маурицио Покетино кажа дека мора да донесе тешки одлуки за да го намали бројот на фудбалери во екипата.

Челси е на турнеја во САД каде што поведе 29 играчи, а Покетино кажа дека сака да се ослободи од неколку фудбалери пред мечот на 13 август против Ливерпул.

„Тешко е тоа што некогаш тројца-четворица играчи не можат да влезат во игра и тоа создава непријатна атмосфера. Станува збор за правење баланс во тимот. Треба да имаме околу 22 играчи, плус младите доколку се потребни. Жал ми, но ќе мора да се намали бројот на фудбалери во екипата“, кажа Покетино.