Хигиеничар во Интер Мајами доби отказ зашто побарал автограм од Меси!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијан Саламанка, кој работел како хигиеничар во Интер Мајами, доби отказ од тимот затоа што му побарал автограм на најголемата ѕвезда во клубот, Лионел Меси.

Саламанка добил отказ затоа што побарал автограм додека бил на работа во тимот и веднаш бил отпуштен.

„Требаше да ги чистам тоалетите во еден од секторите каде што се паркираат автобусите. Кога пристигнав таму, го забележав Меси и му побарав автограм. Потоа дојде обезбедувањето и ми даде отказ, но вредеше секоја секунда“, вели Саламанка.