Дончиќ ќе испрати помош за настраданите во Словенија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар од редовите на Далас маверикс, Лука Дончиќ преку неговата хуманитарна фондација ќе испрати помош за настраданите во поплавите во Словенија.

Во изминатите денови во Словенија владееше невреме, во кое загинаа неколку луѓе, а предизвикана е голема материјална помош, па затоа Дончиќ реши да им помогне на сонародниците.

„Фондацијата Лука Дончиќ е шокирана од катастрофалните поплави кои создадоа хаос во Словенија. Уништени се куќи, улици, а загинаа и луѓе. Во контакт сме со локалните власти за да испратиме помош. Најмногу им се заблагодаруваме на пожарникарите и спасителите кои се на терен. Ќе направиме сè за да помогнеме на тие на кои им е најпотребно“, соопштија од фондацијата.