Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ сè уште не го реши проблемот со францускиот напаѓач Килијан Мбапе, па не е познато дали тој ќе замине ова лето или ќе почека до следното.
Претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи не може повеќе да чека, па реши да му донесе нов напаѓач на тренерот Луис Енрике.
Изборот падна врз фудбалерот на Бенфика, Гонсало Рамош за кој парижаните ќе платат неверојатни 80 милиони евра.
Поради проблемите со финансискиот фер-плеј, ПСЖ ќе го земе Рамош како позајмен фудбалер на една сезона, по што ќе го откупи неговиот договор.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Бенфика ќе добие 65 милиони евра во готово плус 15 милиони евра во бонуси.