Мегваер останува во Манчестер јунајтед!?


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Вест хем се откажал од трансферот на Хари Мегваер, затоа што не можат повеќе да го чекаат да си го реши проблемот со Манчестер јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ беа подготвени да му платат од пет до шест милиони фунти на Мегваер за да замине од Манчестер, но англискиот дефанзивец бара 15 милиони фунти.

Гигантот од „Олд Трафорд“ не попушта и не сака да му даде толку пари, а Мегваер не сака да си замине и поради тоа најверојатно ќе пропадне неговиот трансфер во Лондон.

Вест хем требаше да му плати 40 милиони евра на Јунајтед за да го добие потписот на дефанзивецот, кој не е во плановите на тренерот Ерик Тен Хаг.