Трансфер-бомба на Апенините: Лукаку го напушта Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку нема место во Челси и затоа ќе го напушти премиерлигашот во следниот период, а негов нареден тим ќе биде Рома на Жозе Мурињо.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Рома испратила официјална понуда за позајмица на Лукаку, кој мора да се откаже од дел од платата.

Лукаку разговарал со Мурињо, кој го убедил да се пресели во Рим, па така ќе соработуваат повторно откако претходно беа дел од Манчестер јунајтед.

Белгиецот тренираше со младиот состав на Челси и чекаше вистински повик, откако претходно си уништи трансфери во Интер и Јувентус.

За потписот на Лукаку пристигнаа и неколку понуди од Саудиска Арабија, но искусниот напаѓач не сакаше да замине од Европа.