Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски се очекува во новата сезона да игра во Италија, а негов следен клуб ќе биде Асколи од Серија Б.
Асколи е фаворит за потписот на Несторовски, кој во моментов е слободен агент, а во клубот треба да го замени Франческо Форте.
Тернана и Козенца беа исто така заинтересирани за услугите на Несторовски, но Асколи е фаворит и се очекува наскоро да го потпише договорот.
Несторовски има 33 години и од 2019 до 2023 година беше дел од Удинезе, откако претходно играше за Палермо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачко и Победа.