Лукаку го напушти Челси и се пресели во Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку ја продолжува кариерата во Рома на позајмица, откако екипата од Рим се договори со Челси.

Лукаку ќе потпише едногодишен договор со Рома, каде што ќе добива по 7,5 милиони евра, откако реши да прифати помала плата од таа во Челси.

Челси не сакаше да го задржи искусниот напаѓач, кој се покажа како големо разочарување по враќањето од Интер, каде што играше на позајмица и во минатата сезона.

Белгиецот се поврзуваше и со Јувентус, но тимовите не се договорија за негова позајмица.