Бонучи избра нов тим со кој ќе игра во ЛШ (Видео)

Јувентус соопшти дека не смета повеќе на Леонардо Бонучи, кој реши да ја продолжи кариерата во Германија, односно во тимот на Унион Берлин.

Италијанецот преговараше и со Фиорентина и Лацио, но на крајот ја прифати понудата од бундеслигашот кој ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ).

Бонучи ги помина медицинските прегледи и ќе стави потпис на договор, а се очекува да помогне на тимот со неговото искуство.