Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед е активен во финишот на преодниот рок и веќе договори неколку засилувања, а најново на екипата од „Олд Трафорд“ треба да стане Софијан Амрабат.
Амрабат доаѓа на позајмица во Јунајтед која ќе чини 10 милиони евра, а премиерлигашот има опција да го откупи неговиот договор за 20 милиони плус пет милиони во бонуси.
Мароканецот привлече големо внимание на Светското првенство и веќе некое време чекаше повик од Јунајтед, а притоа одби неколку други понуди.
Тренерот Ерик Тен Хаг потврди и дека го договориле Серхио Регилон на позајмица од Тотнем.