Неверојатен пресврт: Ѓоковиќ губеше со 0-2 во сетови, па го скрши Ѓере


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ покажа зошто е еден од најдобрите тенисери во историјата, откако минатата ноќ славеше со 3-2 во сетови против Ласло Ѓере.

Ѓере се разигра на почетокот на натпреварот и ги доби првите два сета со по 6-4, по што Ѓоковиќ се разбуди и ги доби следните два со по 6-1, а последниот со 6-3 за пласман во осминафинале на Ју-Ес Опен.

Ѓоковиќ во осминафинале ќе се бори против Борна Гојо од Хрватска.