Вардар ангажира 31-годишен напаѓач како замена за Десниќ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја искористи паузата во Првата лига за да ангажира уште едно засилување, откако неодамна се раздели со Дарио Десниќ.

Вардар потпиша договор со Љутфи Билали, кој доаѓа како замена за Десниќ и се очекува да го предводи нападот на „црвено-црните“.

„Љутфи Билали е нов играч во ФК Вардар. 31 годишниот напаѓач во нашата лига има настапувано во екипите на Силекс, Металург, Пелистер, Ренова, Гостивар и Беса, а богато интернационално искуство има од екипите на Интерблок и Цеље (Словенија), Конкордиа (Швајцарија), Егиниакос (Грција), Хака (Финска), Бардејов (Словачка). Добредојде во најтрофејниот клуб во Македонија Љутфи, соопшти Вардар.

Скопскиот гигант следниот натпревар во Првата лига го игра против Тиквеш.