Интер е главен во Милано – пукна „петарда“ против Милан (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Интер славеше против Милан вечерва со убедливи 5-1 во четвртото коло од Серија А и покажа кој клуб е главен во градот.

„Нераѕурите“ стрелаа против Хенрик Михтарјан за 1-0 во петтата минута, а потоа Маркус Турам постигна прекрасен гол.

Милан се врати во игра преку Рафаел Леао, а потоа имаше шанса и за втор погодок, но тоа не го искористи, па пристигна казната преку Михтарјан.

Хакан Чаланоглу зголеми на 4-1 од пенал, а победата за Интер ја потврди Давиде Фратези во 93. минута.