Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо не е во добри односи со тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, па затоа ќе си замине од клубот.
Каталонски „Спорт“ пишува дека Барселона е заинтересирана за Санчо кој беше исфрлен од првиот тим, откако одби да му се извини на Тен Хаг.
Санчо е пријавен за Премиерлигата и Лигата на шампиони (ЛШ), но најверојатно нема повеќе да добие шанса кај Холанѓанецот.
Барселона планира во јануари да испрати понуда до „Олд Трафорд“ и да го обезбеди потписот на англискиот фудбалер.
Англичанецот пристигна кај „црвените ѓаволи“ во 2021 година, а досега одигра 82 меча и постигна 12 гола.