Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милан не успеа да го совлада Њукасл (0-0) во првиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), иако имаше многу шанси и доминираше на теренот.
Првото полувреме донесе возбудувања, а најдобрата шанса ја имаше Рафаел Леао во 34. минута кога издрибла тројца противници, а потоа се посрамоти.
Њукасл во продолжение од средбата успеа да одговори на нападите на „росонерите“, кои повторно пристигнаа во завршницата, а Леао не се прослави ниту во 76. минута.
Милан во следното коло гостува кај Борусија Дортмунд, додека Њукасл ќе го пречека ПСЖ.