Клоп за првпат по речиси 60 години купува фудбалер од Манчестер јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед и Ливерпул речиси 60 години не реализирале меѓусебни трансфери поради големото ривалство, но тоа наскоро би можело да се промени.

Ливерпул планира во јануари да тргне по потписот на Џејдон Санчо, кој не е задоволен во Манчестер јунајтед и не е во плановите на тренерот Ерик Тен Хаг.

Санчо не сака да замине од Премиерлигата, а тоа дополнително ги подгреа шпекулациите за неговата преселба на „Енфилд“.

Англискиот фудбалер е проценет на само 30 милиони фунти, а Ливерпул очигледно нема проблеми да плати толку пари за неговиот потпис.