Нема крај на проблемите: Ѓулер повторно се повреди


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Талентираниот турски фудбалер Арда Ѓулер повторно се повреди на денешниот тренинг на Реал Мадрид.

Ѓулер го повредил бутниот мускул на десната нога и ќе мора да паузира меѓу две и три недели, а ова е лоша вест за младиот играч кој вчера се врати на тренинзите.

Тренерот Карло Анчелоти кажа дека Ѓулер е подготвен за тренинзи и да се вклучи во првиот тим за мечот против Лас Палмас, но неговото деби ќе мора да почека.

Ѓулер пристигна во Мадрид ова лето и доби големи пофалби по првите тренинзи, а се повреди за време на турнејата на Реал во Северна Америка.

Турчинот имаше мала операција и замина на рехабилитација, но сега повторно ќе мора да паузира надвор од терените.