Толку блиску, а толку далеку: Зошто Челси не успеа да го ангажира Влаховиќ?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ бил блиску до преселба во Челси минатото лето, но двете екипи не се договориле и за тоа зборуваше спортскиот директор на „Старата дама“, Кристиано Џантоли.

„Сините“ се обидувале да постигнат договор со калчолигашот, но не сакале да понудат повеќе пари и Ромелу Лукаку во пакет за Србинот.

„Вистина е дека добивме понуда од Челси за Влаховиќ, но едноставно таа не беше доволно добра. Бевме подготвени да прифатиме трансфер во случај на повисока парична сума, но тоа не се случи“, вели спортскиот директор на Јувентус.

Челси оваа сезона остана на Николас Џексон и Армандо Броја во нападот, а доколку потрошел уште 10 милиони евра ќе го добиел и Влаховиќ.