Ѕвезда на Барселона замина сред меч во тоалет и – не се врати!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Барселона, Ламине Јамал мораше да замине во тоалет сред натпревар против Порто, но повеќе не се врати на теренот.

Јамал стана најмладиот стартер во Лигата на шампиони (ЛШ), но потоа исчезна на неколку минути од теренот.

Еден од фудбалерите на Порто се пожали на повреда, по што топката беше исфрлена во аут, а Јамал веднаш тргна кон тоалетот.

Чави го чекаше Јамал околу пет минути, по што реши да направи замена и на терен да го пушти Маркос Алонсо.

„Јамал не се чувствуваше добро. Веќе некое време ми кажуваше дека не е добар и има проблеми со стомакот“, кажа Чави.