Киптум го урна светскиот рекорд во маратон за 34 секунди


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Кенискиот атлетичар Келвин Киптум постави нов светски рекорд на маратонот во Чикаго, откако ја заврши трката за 2.00.35 часа.

Киптум го урна рекордот на неговиот сонародник Елиуд Кипшоге од 2022 година, кој изнесуваше 2.01.09 часа.

„Не тргнав да го урнам светскиот рекорд, но успеав во тоа. Многу сум среќен. Знаев дека еден ден ќе постигнам таков успех“, кажа Киптум.