Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пелистер го загуби и петтиот натпревар од Загреб со убедливи 18-27 во групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ).
Битолчани беа рамноправен противник во првото полувреме (10-10) и најавија битка за победата, но по 40. минута следеше голем пад во играта и тоа го искористи Загреб за да го наполни голот на Пелистер.
„Бевме добри околу 43-45 минути, но потоа запревме. Ова не ни се случува првпат и мора да работиме на случајот. Три четвртини не се доволни за да се добие натпревар во Лига на шампиони“, кажа тренерот Александар Јовиќ.