Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот англиски и европски шампион Ливерпул планира да ангажира уште неколку засилувања во јануари со цел да ја нападне титулата во Премиерлигата.
Тренерот Јирген Клоп наводно составил мини-листа со двајца фудбалери. Еден од нив е Џамал Мусиала од Баерн Минхен, кој би можел да се пресели на „Енфилд“ за 100 милиони евра.
Мусиала има договор до 2026 година, но Клоп бил „загреан“ за неговиот потпис и веќе испратил скаути да го следат.
Втор на листата на Клоп е Каору Митома од Брајтон, кој ги воодушеви сите со неговите настапи за премиерлигашот и привлече интерес од Манчестер јунајтед и Барселона, со кои ќе треба Ливерпул да се бори за неговиот потпис.