Волкановски не издржа: Махачев го нокаутира во прва рунда (Видео)

Ислам Махачев успеа да го совлада Александар Волкановски уште во првата рунда на УФЦ настанот во Абу Даби.

Махачев го нападна Волкановски на самиот старт и по 3.06 минути го нокаутира, по што судијата ја прекина борбата.

„Честитки до Ислам. Имам порака и до УФЦ, сакам да бидам зафатен, би сакал повторно да се борам во јануари“, кажа Волкановски.