Волкановски по поразот од Махачев: Не сакам да губам, но... (Видео)

Австралискиот борец со македонски корени Александар Волкановски вчера излезе во рингот против Ислам Махачев, но загуби по само три минути.

Волкановски во првиот меч против Махачев издржа пет рунди и загуби со судиска одлука, додека овој пат беше нокаутиран во првата рунда.

„Тешко ми е, не сакам да губам и тоа ме боли. Но, Ислам е голем шампион и ако не се подготвите правилно, гледате што може да се случи. Тој е добар и честитки до него“, кажа Волкановски.