Њукасл ја потврди суспензијата: Тонали се враќа на 27 август

Премиерлигашот Њукасл соопшти дека Сандро Тонали почнал со издржување на суспензијата од 10 месеци поради нелегално обложување.

Гигантот летово го купи Тонали од Милан, но за Италијанецот е завршена сезоната, а тој ќе го пропушти и Европското првенство (ЕП) следното лето.

Италијанецот ќе мора да оди и осум месеци на терапија, а воедно премиерлигашот реши да му ја суспендира платата.