Грчки фудбалер го победи Меси во изборот за дебитант на сезоната во МЛС


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси пред неколку дена ја освои осмата „Златна топка“, но не успеа да се закити и со награда во МЛС-лигата.

Ѕвездата на Интер Мајами доби помалку гласови од грчкиот фудбалер Јоргос Јакумакис од Атланта.

Јакумакис постигна 17 голови во дебитантската сезона во МЛС-лигата, а притоа доби 45,8 отсто од гласовите.

Меси одигра само 372 минути во шест меча за Интер Мајами и постигна еден гол и две асистенции, додека неговиот тим остана без место во плејофот.