Го „покоси“ Јунајтед, му се понуди на Реал и најави напад на „Златната топка“ (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Копенхаген синоќа со пресврт го совлада Манчестер јунајтед со 4-3 во Лигата на шампиони (ЛШ), иако имаше негатива од 0-2 по првите половина час.

Херој на данската екипа беше 17-годишниот Руни Бардџи кој постигна прекрасен гол во завршницата за победа од 4-3.

Барџи е еден од најпопуларните фудбалери и во видео-играта „Фудбал Менаџер“, а таму е преодреден да стане еден од најдобрите во светот.

И шведскиот напаѓач има високо мислење за себе, па така во февруари годинава кажа дека сака да се бори за „Златната топка“.

„Сакам да бидам најдобар во светот. Сакам да играм за Реал Мадрид, иако не навивам за тој тим“, кажа 17-годишниот фудбалер.