Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер сè уште чека на своето деби за Реал Мадрид, откако се здоби со неколку повреди откако се пресели во шпанскиот гигант.
Ѓулер беше во конкуренција за мечот против Брага, но не настапи поради повреда која ја доживеа за време на загревањето.
Новата повреда на Турчинот го вклучи алармот во Мадрид затоа што тие летово платија 20 милиони евра за неговиот трансфер, но Ѓулер сè уште не може да заигра.
„Кралевите“ уште не одредуваат датум кога би можел да се врати Ѓулер во екипата на Карло Анчелоти.
„Сега е важно да се откри каде е проблемот, да се пронајде проблемот и да се спречи Арда да се чувствува депресивно“, вели новинарот Хозе Феликс Диаз.