Наполи и Елмас добија нов тренер по отказот на Гарсија

Италијанскиот шампион Наполи вечерва го постави Валтер Мацари за нов тренер на клубот, откако претходно му беше врачен отказ на Руди Гарсија

Мацари работеше во Наполи и во период од јули 1998 до јуни 1999 година кога беше помошник-тренер, а потоа беше и главен тренер од октомври 2009 до мај 2013 година.

Наполи во моментов е четврти во Серија А со 21 бод по 12 натпревари.